Петиција за ЗАТВОРАЊЕ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Зоолошките не можат да ги симулираат природните живеалишта на животните. Тие не се ништо повеќе од затвори за животни, места каде што целосно се убива духот и волјата за живот на секое живо суштество.

Ние, потпишаните граѓани БАРАМЕ да се затвори Скопската Зоолошка поради немање услови и стручен кадар за соодветна нега и грижа на животните.


Зоолошките не можат да ги симулираат природните живеалишта на животните, тие не се ништо повеќе од затвори за животни, места каде што целосно се убива духот и волјата за живот на секое живо суштество. Еве зошто:


1. Територијата на некои видови диви животни се простира на стотици, па дури и на илјадници километри - критериум што ниедна зоолошка на светот не може да го задоволи!


2. Животните заробени во овие установи покажуваат знаци на психичко растројство како последица на болката што ја чувствуваат „живеејќи“ во неприродни услови. Такви знаци се: постојано движење напред-назад, мрдање на главата, движење во круг. Секоја форма на повторливо движење укажува на неизмерната несреќа што овие кутри души ја чувствуваат секоја секунда од секој ден.


3. Освен што им е наметнат затвор, наметната им е и исхрана што најчесто ни оддалеку не соодветствува на нивните вистински потреби, наметнати им се партнери со кои во природата најверојатно никогаш не би се спариле.


4. Зоолошките не се места каде што децата учат за животните, бидејќи да се рече дека се учи за едно живо суштество истото треба да се набљудува во неговото природно живеалиште каде што се однесува природно, каде што доаѓа до израз неговото вистинско однесување. Зоолошките постојат исклучиво за некој да профитира од нив - а таа ниска причина е завиена во велот на едукација и забава на граѓаните.


Дали вреди едно живо суштество кое има волја за живот, кое сака слобода како и сите ние, да се осуди на доживотен затвор и на мизерни услови за само неколку минути во денот некој да се „забавува“ гледајќи го? Ние велиме НЕ! И секој свесен и разумен човек што знае што значи живот и слобода ќе рече НЕ! Речи и ти НЕ и придружи ни се заедно да покажеме дека Македонија нема потреба од зоолошка!


Info in English, click HERE

petitie tekenen
petitie tekenen
Je hebt JavaScript uitgeschakeld. Hierdoor werkt onze website misschien niet goed.

privacybeleid

Door te tekenen accepteer je de servicevoorwaarden van Care2
U kunt uw e-mail abonnementen op elk gewenst moment beheren.

Lukt het niet om dit te tekenen? Laat het ons weten..