До:
Г-дин Никола Груевски Претседател на Влада на Република Македонија
Предмет: Прекумерно аерозагадување во градот Скопје и сериозни импликации по здравјето на граѓаните
Почитуван г-дин Премиер,
Поради непостоење на слух на институциите индиректно под Ваша надлежност, Ви се обраќаме директно Вас како претседател на Владата и носител на извршната власт во Република Македонија. Ви се обраќаме Вас, бидејќи чувствуваме лична граѓанска одговорност и одговорност пред идните поколенија на нашата држава.
Г-дине Премиер, во изминатите месеци и години неми сведоци сме на прекуемрно загадување на човековата средина во градот Скопје, а особено во општините Аеродром и Гази Баба. Аерозагаденоста е неподнослива и кулминира во вечерните часови. Истата се манифестира во концентриран чад и неподнослива срмрдеа и се одразува крајно негативно врз здрјавето на сите граѓани, а особено најмладата поплуација. Ситацијата од ден во ден станува алармантна.
Во изминатиов период група граѓани ги повикаа надлежните институции да преземат конкретни мерки. За жал и директно надлежното министерство за заштита на животната средина не покажува активност, и го одолговлекува решавањето на проблемот за во иднина. Под изговорот дека се изработува физибилити студија, или дека загадувачите се несовесни индивидуалци, проблемот не само што не се разрешува тука загадувањето од ден во ден зазема загрижувачки рамки. Таквиот пристап во решавање на проблемите како граѓани го отфрламе и го разбираме како купување време на товар врз здравјето на сите граѓани.
Почитуван г-дин Премиер,
загадувањето на животната средина во населбите Аеродром и Гази Баба е алармантно и бара Ваша итна реакција без одлагање. Очекуваме од Вас да им наложите на ресорните министерства, да го лоцираат загадувачот веднаш и да изречат санкција во согласност со позитивните прописи во Република Македонија.
Почитуван г-дин Премиер,
Не дозволувајте Главниот град да постане втор Велес. Товарот на целото општество е далеку поголем и несогледлив на долг рок, во споредба со материјалното богатство на неодговорни и несовесни поединци.
До:
Г-дин Никола Груевски
Претседател на Влада на Република Македонија
Предмет: Прекумерно аерозагадување во градот Скопје и сериозни импликации по здравјето на граѓаните
Почитуван г-дин Премиер,
поради непостоење на слух на институциите индиректно под Ваша надлежност, Ви се обраќаме директно Вас како претседател на Владата и носител на извршната власт во Република Македонија. Ви се обраќаме Вас, бидејќи чувствуваме лична граѓанска одговорност и одговорност пред идните поколенија на нашата држава.
Г-дине Премиер, во изминатите месеци и години неми сведоци сме на прекуемрно загадување на човековата средина во градот Скопје, а особено во општините Аеродром и Ново Лисиче. Аерозагаденоста е неподнослива и кулминира во вечерните часови. Истата се манифестира во концентриран чад и неподнослива срмрдеа и се одразува крајно негативно врз здрјавето на сите граѓани, а особено најмладата поплуација. Ситацијата од ден во ден станува алармантна.
Во изминатиов период група граѓани ги повикаа надлежните институции да преземат конкретни мерки. За жал и директно надлежното министерство за заштита на животната средина не покажува активност, и го одолговлекува решавањето на проблемот за во иднина. Под изговорот дека се изработува физибилити студија, или дека загадувачите се несовесни индивидуалци, проблемот не само што не се разрешува тука загадувањето од ден во ден зазема загрижувачки рамки. Таквиот пристап во решавање на проблемите како граѓани го отфрламе и го разбираме како купување време на товар врз здравјето на сите граѓани.
Почитуван г-дин Премиер,
загадувањето на животната средина во населбите Аеродром и Ново Лисиче е алармантно и бара Ваша итна реакција без одлагање. Очекуваме од Вас да им наложите на ресорните министерства, да го лоцираат загадувачот веднаш и да изречат санкција во согласност со позитивните прописи во Република Македонија.
Покажувајќи Ваша инволвираност во овој витален општествен сегмент – екологија и заштита на здравјето на граѓаните на главниот град – несомнено ќе испратите сигнал до сите оние кои делуваат на штета на граѓаните на оваа држава. Вашата инволвираност и безкомпромисност кога се работи за здравјето на граѓаните на оваа држава ќе биде дополнителен доказ пред меѓународната заедница во поглед на решителноста на оваа влада во примената на европската регулатива, а имајќи го предвид поглавјето 27 во делот од преговорите со Европската Унија.
Почитуван г-дин Премиер,
Не дозволувајте Главниот град да постане втор Велес. Товарот на целото општество е далеку поголем и несогледлив на долг рок, во споредба со материјалното богатство на неодговорни и несовесни поединци.
Во очекување на Ваш позитивен одговор,
Со почит,
Долу потпишани граѓани.
En signant, vous acceptez les conditions de service de Care2
Vous pouvez gérer vos abonnements à tout moment.
Vous ne parvenez pas à signer cette pétition ?? Faites-le nous savoir.