Поранешни студенти на Иванов: Професоре, поднесете оставка!
„Ние, поранешните студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, кои на предметите: Политички теории, Современи политички теории, Цивилно општество, па дури и Информатика, за професор го имавме Ѓорге Иванов, бараме истиот да поднесе оставка на функцијата Претседател на Република Македонија.
Ова наше барање е израз на разочарувањето кое го предизвика вчерашната одлука на Иванов, со општ акт да ги прекине сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата.
За нас, неговите поранешни студенти е срам што професорот од кого учевме за основите на политичките теории, и за важноста на цивилното општество, денес е човекот кој ги погази сите принципи за кои не учел и со својата одлука ја погреба демократијата и владеењето на правото во државата!
Професорот кој своето прво предавање на првиот час за сите студенти на политички науки, традиционално го започнуваше со реченицата: ‘Разликата меѓу политолог и политичар е како меѓу криминолог и криминалец’, со одлуката за аболиција, за жал, покажа дека тој всушност, никогаш не ја направил таа разлика“.
Сите поранешни студенти кои ја поддржуваат ова петиција можат да се потпишат.
Petition unterzeichnenPetition unterzeichnen